Овој „фраер“ заработува 4.000 долари месечно продавајќи свои фотграфии, но не е како што мислите
Секој сака да заработи повеќе пари, но овој човек пронашол еден необичен и прилично лесен начин. Тој ги продава своите фотографии и видеа. 35-годишниот Џејсон Стром од Аризона, САД, почнал првин да продава експлицитни фотографии од своето тело на OnlyFans и имал „сесии“ во живо преку камера. Но, тука не стакнал огромна слава.
Џејсон тогаш забележал дека голем број на клиенти бараат од него да ги покаже своите стапала. Џејсон вели дека освен мажите и жените имаат фетиш за стапала, па така тој одлучил да продава фотографии и видеа само од овој дел на телото. Тој сега заработува околу 4.000 долари месечно само од ваквата содржина.
„Моите клиенти имаат фетиш за нозе и причината зошто ме поддржуваат финансиски е затоа што не е нешто што можат да го најдат бесплатно преку Интернет. Јас го разбирам нивниот фетиш сто проценти затоа што и јас самиот имам фетиш за нозе. Оваа мала работа прави огромна разлика за моите фанови наспроти другите момци кои објавуваат само слики. Тоа е единствената работа што ја правам во моментот и може да се живее од тоа. За мене е доволно да не мора да работам од девет до пет и тоа е лесна забавна работа.“, објаснува Џејсон.
Сепак тој вели дека иако има доволно пари за да преживее нема доволно за да си овозможи некој луксуз па затоа планира да продолжи да се промовира себе. Тој вели дека неговото семејство го поддржува во оваа негова „професија“, а некои пријатели дури и го прашуваат како и тие да станат дел од тој свет и да заработуваат пари.