Овој германски алкохолен пијалок е извор на здравје и одличен избор за во зимските денови

Градот Есен во западна Германија е познат по традиционалното вино од јаболко наречено „апелвој“ (elppelwoi).

Јаболкото го подобрува варењето, има позитивно влијание врз респираторниот систем, ги смирува нервите и ги ублажува симптомите на многу заболувања.

Јачината на јаболковото вино е само 5,8 степени, така што се смета за еден од полесните алкохолни пијалоци.

Виното се точи од глинени бокали наречени „бембел“ кои го чуваат пијалокот ладен, а најчесто се служи со солени ѓеврци.

Сезоната за правење на ова вино е на есен, кога зреат јаболките. Слично како и со грозјето, најпрво се прави сок од јаболко кој останува да ферментира во буриња, до Божиќ виното е подготвено и го има во околните угостилници.

Една германска поговорка гласи: „Пијте јаболково вино секој ден и ќе бидете поздрави”.