Овој инфлуенсер тврди дека е „Кореец“ и скоро па и му „поверувавме“
Контроверзната ѕвезда на социјалните мрежи Оли Лондон беше обвинет дека е „штетен за општеството“ откако тврдеше дека секој треба „да има право да избере како ќе се идентификува“.
Лондон, кој потрошил илјадници евра за операции во обид да изгледа како К-поп ѕвездата Џимин од корејскиот бојбенд БТС, а во минатото се најде на насловните страници затоа што се опишуваа себеси како „100% Кореец“ иако секој би видел дека очигледно е белец, поточно од Британија.
31-годишникот ги унапреди своите ставови за тоа дека секој може да си ја избере расата. Дури тоа го промовираше и во емисија. Лондон се појави во една епизода фокусирана на трансрасизмот, каде што кажува дека се чувствува како Кореец.
Тој вели дека ја сака корејската култура, историја и народ и се подложил на „многу болка“ и хируршки процедури со цел да има повеќе корејски изглед.
„Луѓето навистина не го сфатија тоа. Нема секој да го сфати, но се надевам дека со текот на времето, луѓето ќе ме прифаќаат повеќе“, изјавил Лондон.
Како одговор на објаснувањата на Лондон, жената во емисијата, која е црнка, тврдеше дека „трансрасното не постои“, велејќи дека е „многу штетно за нас да се поттикнува наративот дека можеме да ја смениме расата“.
„Не можам да седам овде и да кажам, ох, ‘одеднаш сум бела жена’, и ако ти како бела личност можеш да кажеш ‘Можам да бидам Црнец или можам да бидам Кореец’. Ти не си Кореец, без разлика колку операција ќе направиш, без разлика колку естетски ќе ги усвоиш.“, му посочила таа.
Лондон призна дека никој не може да го одземе она низ што поминале малцинските групи, но рече дека сите имаме право „да бидеме тоа што сакаме да бидеме“.
Жената, сепак, му рече на Лондон дека ако не го „препознаат тој дисбаланс на моќта“ во она што го прават и начините на кои тоа е непочитување кон неа, тие „ја докажуваат поентата дека ова го прават за пари и внимание.“