Овој Лидл во Даблин крие изненадување за купувачите старо над 1.000 години
Што очекувате да видите кога одите во маркет? Полици полни со храна, фрижидери? Да, тоа се првите работи што ни паѓаат на памет, но овој Лидл во Даблин, Ирска, може да ви понуди и нешто многу поинтересно. Жителите сега можат да пазарат додека под нивните нозе гледаат археолошки наод под подот на филијалата.
На експертите им било дозволено да ископаат дом од 11 век, откако бил откриен и во интерес на јавноста откритието било интегрирано во дизајнот на продавницата така што купувачите ќе можат да го гледаат преку стакло.

Живеалиштето од времето на Викинзите е „единствена структура за Даблин“, вели директорот на археолошкиот локалитет Пол Дафи. Се верува дека просторијата се користела како дополнителна соба за семејството. „Тоа е домашна структура, затоа мора да замислите дека тука би имало предградие на Хиберно-нордиски Даблинери, кои всушност биле предци на Викинзите“, објаснува Дафи.
Голем број други артефакти биле пронајдени од копањето, вклучувајќи бокал за вино од 13 век. Купувачите исто така ќе можат да ги погледнат остатоците од „јама“ од 18 век, која некогаш била дел од театарот на улицата Аунгиер.
