Овој маж ѝ пишувал на својата сопруга песна секој ден, 25 години и продолжува да го прави тоа и по нејзината смрт

Питер Гордон најде совршено романтичен начин да ја покаже својата љубов кон сопругата. Тој 25 години секој ден под нејзината перница оставал песна. Тие имале убав живот заедно и тој го негувал секој заеднички момент, за жал, таа почина во 2016 година од рак. Сепак Питер одлучил да не престане и да продолжи да пишува песни во кои ја искажува својата љубов кон неговата Алисон.

„Мајка ми почина во 2016 година и сите бевме уништени. Сестра ми и јас знаевме дека татко ми пишуваше песни за неа, но не бевме сосема свесни за количината.“, вели ќерката на Питер. Питер во текот на 25 години напишал повеќе од 8.500 поеми. Неговите ќерки решиле поемите да ги претворат во дигитални и да направат блог во чест на нивната љубов.