Овој маж се степал со мечка за да си го спаси најдобриот пријател

Би направиле сѐ за нашите добри пријатели, па дури кога тоа значи да си го ставиме животот во опасност. Калеб Бенхам од округот Невада, Калифорнија се релаксирал во својот дом кога низ прозорецот забележал нешто што му ја заледило крвта во телото.

Кучето на Калеб, Бади, се борело за живот додека огромна мечка го влечела за главата. „во тој момент единствената работа на која помислив беше да го спасам моето бебе.“, вели Калеб. Така тој излетал надвор, се стрчал кон мечката, скокнал врз неа, ја фатил за вратот и почнал да ја удира по лицето и очите сѐ додека не го пуштила кучето.

За среќа, Бади го преживеал исцрпувачкиот напад и веднаш бил пренесен во болница. Ушите му биле искорнати и морале повторно да бидат сошиени.

По нападот мечката избегала, но Калеб вели дека ѕверот од 160 килограми повторно се враќа на неговиот имот и тој се плаши дека е можно повторно да нападне.