Овој млад човек покажа колку се смени за 2 години без наркотици

“Јас секогаш изгледав како мртов човек, но сега конечно сум жив!” Тревис е поранешен нарко-зависник од САД, кој реши преку својот пример да мотивира и инспирираа други млади луѓе со ист проблем, да тргнат по неговиот пат. Тој успеа да ја „тргне иглата“ и сега е чист веќе 745 дена. Освен неверојатната надворешна трансформација, тој сега успеал и да се вработи, па дури има и хоби.

Некои кориснички на социјалните мрежи забележале дека без дрога, тој станал многу убав. Други му се восхитуваа на неговата издржливост. Како одговор, момчето им се заблагодари на сите за љубезните зборови.