Овој мотор со моќност на авион изгледа како да дошол од иднината
TMC Dumont можеби е најкул мотоцикл што досега сме го виделе и навистина треба да се види за да се поверува. Футуристичкиот ѕвер изгледа како да излегол од Петтиот елемент, но тој е реален. Иако уште е само концепт, станува збор за прилично импресивно парче инженерство.
Толку многу се случува со овој мотор што е тешко да се знае од каде да се започне. Првин тркалата се екстремно тенки, а гумите се толку блиску до земјата што се чини дека возачот ризикува некои големи изгореници од триење доколку зголеми брзина.
За среќа, момчето што го создаде Думонт, исто така е и возач на трки во Формула 1, па тој е прилично навикнат да вози вакви опасни возила. На Тарсо Маркес, кој поминал голем дел од својот живот во Ф1, создавајќи слично луди концептни мотоцикли, му требале седум месеци за да го креира TMC Dumon.
Наместо да се задоволи со мотор од 500 кубика, Маркес исто така направи апсолутно луд чекор и зема вистински мотор од авион. Да, тоа е вистински ретро-ролс V6 од 60-тите години на минатиот век.
Маркес вели дека му биле потребни 15 години да го најде совршениот мотор за моторцикл, велејќи дека „TMC Dumont заслужи нешто навистина уникатно и моќно и со одличен звук и изглед.“