Овој мурал во Варшава заменува 720 дрвја и еве зошто е потребен во секој голем град

Бидејќи загадувањето е една од главните закани во нашите градови, луѓето смислуваат генијални начини како да се справат со овој проблем. Нов мурал во главниот град на Полска, на пример, им помага на луѓето во Варшава да дишат малку полесно. Како, се прашувате?

Сето тоа благодарение на посебниот вид на боја, двајца талентирани полски уметници и студиото што им помогна да ја оживеат својата визија. Иницијативата за еколошки мурали е организирана од компанијата за спортска облека „Конверс“, како дел од нивната кампања „Градски шуми“. Варшава стана вториот град со ваков мурал изработен од специјални, активирани од сонце, пигменти за чистење на смог.

Во кратки црти, овој мурал „јаде смог“ и така го одржува градот почист. Муралот се наоѓа на зграда која е свртена кон голема метро-станица Политехника. На него, светли, насмеани цвеќиња се гледаат заплеткани меѓу зградите. Сликата е дизајнирана од двајца полски уметници, Масиек Полак и Давид Риски, додека самиот мурал е извршен од локалниот центар за уметници „Good Looking Studio“.

Зборовите што гласат „Создај заедно за утре“ се вклучени во муралот, со цел да донесат позитивна порака за надеж за иднината. Поради специјалната боја, муралот го прочистува околниот воздух исто како што би правеле 720 дрвја. По завршувањето на кампањата, муралите лоцирани низ неколку различни земји треба да бидат еднакви на работата на 3.000 дрвја.

Муралот е насликан со употреба на фотокаталитичка боја со титаниум диоксид што привлекува загадувачи на воздухот. После тоа, тие се претвораат во безопасни нитрати преку хемиски процес што вклучува сончева светлина.

Следејќи го Банкок во Тајланд, Варшава е вториот град во кој има ваков мурал. Муралите на претстојните градски шуми треба да се појават во Белград, Лима, Сиднеј, Џакарта, Манила, Сао Паоло, Сантијаго, Јоханесбург, Мелбурн, Богота и Панама Сити.