Овој напуштен шпански замок скриен во австралиските прашуми стана хит дестинација, благодарение на Инстаграмџиите

Австралијците кои се во потрага по совршена фотографија за Инстаграм „го пронајдоа“ местото и сега е вистински хит.

Паркот Паронела, сместен на 13 хектари среде топските шуми во Квинсленд го изградиле Хозе Паронела и неговата сопруга Маргарита во 1929 година.

Сопружниците макотрпно ги создавале зачудувачките градини и бетонскиот замок од глина и цемент, рачно, а до ден денес, посетителите сè уште можат да ги видат нивните отпечатоци од прстите на градбите.

Нивната цел била да изградат шпански замок во Австралија опкружен со 7.500 тропски растенија и дрвја.

Влезот во паркот чини 2500 денари за возрасни и 1500 денари за деца, додека семејниот билет (двајца возрасни и две деца) чини околу 7500 денари.

Помеѓу работите што може да се видат и да се направат се 45-минутна обиколка низ главните атракции на паркот, прекрасната фонтана, хранење на диви животни и риби, кафулиња, бунар на желби, тениски терени и самиот шпански замок.