Овој несмасен крадец беше фатен откако налета на замка како од филмот „Сам дома“
Ова е необичниот момент кога еден несмасен провалник беше фатен откако налета на замка како од филмот „Сам дома“ – кофа со вода врзана за јаже.
Пол Хауел (56) е фатен на безбедносните камери како се шета околу задниот дел на куќа околу 3 часот наутро.
Додека се обидувал да влезе, Хауел налетал на затегнато јаже поврзано со кофа полна со вода, која се превртела и целосно му ги натопила чевлите.
Исплашен и збунет, веднаш избегал од куќата во Нортамберленд, но не успеал да остане долго во бегство – полицијата го фатила неколку дена подоцна.
Сопствениците на куќата, кои веќе биле мета на крадци неколку пати претходно, решиле да постават едноставна, но ефикасна стапица.
Кога утредента ја забележале превртената кофа, веднаш ги прегледале снимките од надзорните камери и ја повикале полицијата.
Истражителите веднаш го препознале Хауел, кој е познат криминалец, и го уапсиле во неговиот дом во Блајт.
Освен оваа неуспешна провала, Хауел бил обвинет и за две одделни кражби што ги извршил следната недела во друг дом на Laburnum Avenue во истиот град. Овојпат, успеал насилно да влезе во куќата и украл накит и велосипеди.
На судењето во Newcastle Crown Court, тој признал вина за обид за кражба и тешка кражба.
Судот откри дека Хауел веќе има вкупно 108 претходни пресуди, од кои 25 се за провали што датираат уште од 1986 година.
Како резултат на тоа, тој во понеделник (17 февруари) беше осуден на три години и седум месеци затворска казна.
Kaj nas ke Odish vo zatvor zosto si snimil kradec
Коментирај анонимно