Овој нов телескоп би можел да им помогне на научниците да пронајдат знаци на живот на други планети до 2026

Истражување од државниот универзитет во Охајо, САД, открива дека вселенскиот телескоп на НАСА Џејмс Веб, кој треба да започне со истражување во Октомври оваа година,  може да открие потенцијални знаци на вонземски живот до 2026 година.

Исто како и телескопот Хабл пред него, Џејмс Веб ќе кружи околу Сонцето и ќе се користи за подетално набљудување на вселената.

Иако планетите што спаѓаат во категорија на гасовити џуџиња имаат потенцијал за развивање на живот, тие се далеку од нашиот Сончев систем, што значи дека на научниците досега им било тешко да утврдат дали нивните атмосфери имаат потенцијални знаци на живот, како што е присуство на амонијак.

Дипломирана студентка на Државниот универзитет во Охајо, Каприс Филипс, пресметала дека телескопот може да открие амонијак на околу шест од овие џуџести планети за многу кратко време.

Филипс рече:

„Она што навистина ме изненади за резултатите е што реално можеме да најдеме знаци на живот на други планети во следните 5-10 години“.

Таа продолжи:

„Човештвото размислува за прашањата: „Дали сме сами? Што е животот? Дали животот на друго место е сличен на нашиот?  Моето истражување сугерира дека за прв пат имаме технолошка можност реално да започнеме да ги наоѓаме одговорите на овие прашања“.

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб е голем инфрацрвен телескоп и ќе биде лансиран во вселената со ракета „Ариан 5“.

Џејмс Веб се очекува да биде главна опсерваторија во следната деценија.