Овој огромен замок во Шкотска, на 40 хектари земја може да биде ваш за само 34.000 евра, но има една цака

Замокот е стар 200 години, го изградил трговецот Артур Николсон. Зградата се наоѓа на парцела од 40 хектари. Сè изгледа многу живописно: има кули, двор, градини. Инаку, на островот Фетлар, на кој што се наоѓа замокот, живеат само 61 лице.

Од 1980-тите, уникатната зграда е празна. Во 1998 година, Brough Lodge Trust беше основан и се надева дека ќе привлече „филантропски претприемач“ кој може да ја трансформира историска локација во атракција од светска класа. Последниот наследник на замокот ја префрлил сопственоста на фондацијата и сега е еден од доверителите.

И стигнавме до цаката. Објектот одамна не е реновиран (реконструиран е само покривот). За да се стави во ред замокот, купувачот ќе биде обврзан да инвестира околу 15 милиони евра во него. После реновирањето, замокот ќе има 24 спални соби и ресторан.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *