Овој океански „социопат“ ги трауматизира дури и страшните големи бели ајкули

Еден TikToker ги опиша орките како „социопати“, и тврди дека нивното насилно однесување може да предизвика ајкули да развијат посттрауматско стресно нарушување.

Љубителите на животни можат да најдат цела низа чудни и интересни факти за животни на социјалните мрежи на „Мамаду“, иако има и некои вознемирувачки тврдења, како што е она што е направено во неговоата неодамнешна објава за орки.

И покрај името „Кит убиец“, орките кај луѓето имаа прилично добра репутација, можеби тоа се должи на нивниот изглед што не` потсетува на џиновска панда или на фактот што многу од овие водени животни се во заробеништво.

Сепак, „Мамаду“ јасно даде до знаење дека орките не се животни со кои треба да се плеткаш, истакнувајќи дека „освен луѓето, единственото нешто што може да победи орка е поголема орка“.

„Мамаду“ започна со тврдење дека орките можат да предизвикаат ајкулите да развијат посттрауматско стресно нарушување, понатаму вели дека огромните животни „ги трауматизираат големите бели ајкули“ и дека е познато дека ајкулите ги напуштаат своите ловишта до една година доколку забележат орката што плива во близина.

Не само што орките ги плашат ајкулите, туку се вели дека буквално ги раскинуваат откако ќе ги превртат на грб и ќе предизвикаат парализа, а потоа ќе се нагостат со црниот дроб, срцето и другите органи.

Дека китот убиец може да убие ајкула беше изненадување за истражувачите во 1997 година, кога туристи што набљудуваа китови во близина на Сан Франциско, беа сведоци на два кита што го консумираат црниот дроб на  голема бела ајкула, пишува National Geographic.

Во извештајот за откритието, Шкот Андерсон, истражувач за аквариумот Монтереј Беј, коментира: „Од тој момент, се` изгледаше поинаку, што се однесува до перспективата за орките и белите ајкули. Тоа целосно ги смени идеите на сите “.

За жал, не се само големи бели ајкули подложени на маки од орки, како што вели „Мамаду“, познато е дека китовите фрлаат фоки високо во воздухот и ги удираат со опашките.