Овој остров ја доби титулата „Најдобар остров на светот“ и не е една од класичните туристички дестинации

Можеби нема да можеме да патуваме толку слободно како што сакаме во моментот, но тоа не мора да нè спречува да ја испланираме следната авантура. Особено кога Travel + Leisure сега откри кои 25 острови се најдобри во светот како дел од World’s Best Awards, а островот Палаван на Филипините го зазеде првото место.

Не за прв пат Палаван – најголемата провинција во земјата, лоцирана во регионот Мимаропа да излезе на врвот, постигнувајќи повеќе од импресивни 94,83 од 100 поени. Секоја година, Travel + Leisure ги прашува своите читатели да ги споделат своите мислења за нивните врвни острови, бродови за крстарење, бањи, авиокомпании и многу повеќе. Читателите ги оценија островите врз основа на нивните активности и знаменитости, природни атракции и плажи, храна, гостопримство и вкупна вредност.

Палаван не беше единствениот остров на Филипините што влезе на списокот. Боракај влезе на респектабилно 14-то место. „Пејзажот и сценографијата се едноставно прекрасни“, „Ги нуди најубавите плажи, одморалишта и сценографии од каде било.“, биле само некои од коментарите на луѓето.

Долг околу 430 километри и широк на најшироката точка 40 километри на картата Палаван – изгледа како рака што се протега од Филипините до Борнео. Планините и карпите од варовник се издигнуваат директно од океанот и од плажите на островот, давајќи му на морскиот брег драматичен и впечатлив изглед. Ако сакате помалку драматичен поглед, не треба да се грижите затоа што белите песочни плажи на островот се украсени со палми.

Очигледно не е многу лесно да се дојде до островот од сите страни на светот, но дефинитивно вреди кога ќе стигнете таму – не само од причините споменати погоре, туку затоа што сте во можност да ги истражите дождовните шуми и да пловите низ една од најдолгите подземни реки во светот на Порто Принцеса.

Заедно со Палаван првите 5 места ги пополнуваат и Порос, Малос, Шри Ланка и Кох Ланта.