Овој пар доби можност да ја прослави 60-годишнината од бракот, откако биле разделени 15 недели

Венди Ендрјус го посетувала својот сопруг Колин скоро секој ден во домот за нега во последните седум години.

Но, кога коронавирусот ја зафати Велика Британија и нацијата влезе во застој, таа беше принудена да се откаже од посетите. Колин страда од деменција и живее во Домот за нега на Глејфилдс во Дрејтон, Банбери.

Домот за нега помогна да се соберат парот за нивната годишнина од „дијамантската свадба“ да се испече торта и да се организира социјално дистанцирана забава со балони.

„Тоа беше прекрасно. Не можеше да биде подобро. Го изнесоа надвор и моравме да ја задржиме оддалеченоста. Не можевме да го допреме или да гопрегрнеме или нешто слично, но тоа беше навистина добро. Мислам дека нè препозна.“, вели Венди.

Вработените во домот за нега во Банбери дојдоа заедно да слават со парот на прославата на отворено. Ќерката на парот Санчија Ендрус исто така била таму за да ја направат нивната годишнина незаборавна. Таа рече: „Убаво беше за мама. Беше доста емотивно затоа што не го виде многу време.“

Венди го запознала Колин на локална игранка додека служел во Кралските воздухопловни сили во Нотингемшир. Тој заминал за Кипар со РАФ веднаш по нивната прва средба. Таа го чекала две години и потоа се венчале. Венди работела како медицинска сестра.