Овој пар има мачка која БУКВАЛНО не се одлепува, а луѓето се воодушевени од нејзините слатки барања

Мачките се чудни. Сите го знаеме ова.

Но, оние од нас кои имале повеќе мачки во текот на нашиот живот знаат дека некои мачки се почудни од другите. Можеби сакаат да спијат со лицето во чевел (вистинска приказна). Можеби тие можат да фатат стуткано парче хартија што ќе го фрлиш во воздух со нивните шепи и да ти го донесат во устата како куче што си игра со ѓубрe.

Или можеби нивната уникатност е тоа што треба да бидат залепени на нечие тело секоја минута од секој ден.

Тоа е Чејс мачката накратко – супер слатка, но се лепи како пијавица.

Чејс им припаѓа на Карим и Фифи кои станаа познати на Интернет по нивните три мачки. Нивните видеа кои покажуваат како нивните мачки – Чејс, Скај и Мили – се разгалуваат станаа вирални минатата година, а тие добија огромен број следбеници споделувајќи го животот со нивните мачки.

Сите три се симпатични, но Чејс- ох, Чејс е посебен. Сме виделе секакви „прилепени“ мачки, но ништо слично на ова.

Гледајте:

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *