Овој полииаморен пар си води календар „кој, кога и со кого ќе се онади“ – за да им биде организирано и ферски

Еден полииаморен пар од Бразил откри дека тајната за успешна отворена врска е – календар. Кел Масетаре (41) и Бруно Кордиско (42) се средношколски љубовници, сега среќно венчани и родители на два сина – Хенри (19) и Хектор (13), според Jam Press.
Сè изгледа како класично семејство од четворица – освен што секој од родителите има уште еден љубовен партнер со кој редовно имаат интимни односи… по распоред.

 

Сè започнало откако Кел и Бруно посетиле свингерски клуб, каде ги запознале Диего Мачадо и Џенифер де Фариа. Мачадо сега живее со нив во нивниот дом во Флоријанополис, а Џенифер доаѓа за викендите. За да не настане хаос – сите имаат свои обврски запишани на семеен календар залепен на фрижидерот. Но, постои и еден друг, приватен распоред — сексуален календар, само за возрасните.

Од понеделник до петок, Кел и Бруно си се посветени еден на друг, а викендите ги делат со своите други партнери.
„Кел и јас имаме интензивна хемија и сме интимни секој ден,“ вели Бруно. „Викендите со другите партнери ни ја засилуваат желбата во текот на неделата.“

 

Овој полииаморен пар си води календар „кој, кога и со кого ќе се онади“ – за да им биде организирано и ферски

Секс по распоред – за секој да добие внимание

 

Кога Кел почнала да се чувствува запоставено – бидејќи Џенифер минувала многу време со Бруно – четворката одлучила да воспостави фер распоред. Така се родила идејата за сексуален календар, каде однапред се знае кој со кого ќе биде интимен и кога.
„Во почетокот чувствував дека ја губиме нашата интимна врска со Бруно,“ вели Кел. „Затоа ја воведовме идејата за секс распоредот, за да биде фер за сите.“

Таа додава дека ова не само што ја подобрило комуникацијата во групата, туку и нивниот сексуален живот.
Понекогаш, секој од двојките излегува од домот — во мотел или изнајмено место — за да имаат време сами. А кога сите четворица се дома, се делат по различни соби.