Овој познат холивудски пар е во врска цели 37 години и велат дека немаат потреба од брак

На прв поглед, Холивуд не изгледа баш како дом за многу долготрајни парови. Според податоците за попис на САД во 2017 година, просечната стапка на разводи на познати личности од А-листа е 52%, ова е двојно повисоко од општата популација.

Но, еден од најомилените парови во Холивуд се спротивставува на сите статистики и докажува дека љубовта може да трае засекогаш и секој ден да се чувствувате како младенци. Актерите Голди Хоун и Курт Расел се еден покрај друг цели 37 години и нивната врска сѐ уште е силна. Интересно е тоа што тие не стапиле во брак за време на овие скоро 4 децении.

„Не станува збор за брак. Станува збор за луѓето и врската и волјата да останеме заедно “, изјавила Голди и Курт додал дека за луѓето како нив,„ брачната потврда нема да создаде нешто што во спротивно не би го имале “. Фотографиите кои ги споделува овој пар докажуваат дека дури и на стари години тие знаат како да се забавуваат.

Голди Хоун (75) и Курт Расел (69) ја овековечија својата врска во романтичната комедија „Overboard“ во 1987 година, но нивната љубовна приказна надвор од екраните не е помалку волшебна. Двојката започнала да се дружи додека го снимале Swing Shift од 1983 година и оттогаш никогаш не се разделиле.

И покрај тоа што не се во брак, ѕвездите го ценат своето блиско семејство со нивниот син Вајат (34), како и децата од претходните бракови: синот на Расел, Бостон и децата на Хоун, актерите Кејт (41) и Оливер Хадсон (44), кои го нарекуваат Расел „Па“ (израз за тато).

„Сосема сум сигурен дека да не беше Голди, досега веројатно ќе тежев 200 килограми.“, изјавил за едно интервју Расел. Голди е всушност „фитнес фанатик“ и секое утро го започнува со зелено смути и се грижи нејзиниот ум да остане смирен со медитација.

Оттука е и Фондацијата Голди Хоун и нејзината програма MindUP што ја основала во 2003 година која има за цел да им помогне на децата со управување со стресот и емоциите.

Психологот Лис Дегир вели дека луѓето кои се одлучуваат да останат во врска и да не склопат брак како Голди и Расел не се сакаат помалку од обичните брачни парови, едноставно не би сакале да останат со некоја личност само поради фактот дека се врзани во брак доколку еден ден работите престанат да „функционираат“. Но, после 37 години поминати заедно, не веруваме дека разделбата им е во план.