Овој скандинавски метод ќе ви помогне да спиете подобро ако го делите креветот со партнер: „Никогаш нема да сакате да спиете ко порано“

Едноставна промена во начинот на поставување на јорганите или било кои покривки со коишто спиете, може значително да го подобри квалитетот на спиењето, особено ако го делите креветот со партнер. Експертите велат дека прегревањето е главна причина за нарушен сон, а скандинавскиот метод на спиење – користење два прекривачи наместо еден – би можел да биде решение.

 

 

 

Специјалистот за сон, Џејмс Вилсон, препорачува секој партнер да има свој прекривач за подобро регулирање на температурата, спречувајќи непријатност од топлината на телото. Овој метод, популарен во Северна Европа, помага да се избегнат „војни со прекривачот“, каде што едниот партнер постојано се обидува да повлече повеќе од заедничката покривка.

 

 

 

Истражувањата поддржуваат дека пониските температури во просторијата, идеално помеѓу 15 и 20°C, можат да го подобрат сонот. Клиниката Кливленд препорачува создавање на „ладна, темна и тивка“ спална соба за оптимален одмор. Вилсон додава дека жените особено би имале корист од поладни услови за спиење, поради хормоналните промени пред менструацијата кои ја зголемуваат температурата на телото.

Анкета со 2.000 Американци покажа дека 36% од нив повеќе уживаат кога не треба да го делат креветот со партнерот, наведувајќи ги неговите навики како причина за вознемирување. Речиси 82% од испитаниците изјавиле дека често се будат во текот на ноќта поради движењата на партнерот.

 

 

Поддржувачите на скандинавскиот метод на спиење, вклучувајќи влијателни личности на социјалните мрежи, велат дека овој пристап ги подобрил нивните односи со намалување на конфликтите околу спиењето. Многумина кои пробале да спијат со одделни прекривачи велат дека никогаш нема да се вратат на спиење со еден прекривач. Центарот за контрола и превенција на болести препорачува возрасните да спијат најмалку седум часа во вечерта за подобро здравје и благосостојба.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *