Овој судија им дава „креативни казни“ на луѓето кои малтретираат животни, за да им одржи животни лекции

Судија во Охајо стана познат во целата држава, а сега полека и во светот благодарение на неговите „креативни казни“ кои им ги дава на осудените за злоупотреба на животни. Судијата на општинскиот суд во Пинсвил, Мајкл А. Циконети стана познат по она што тој го нарекува „креативна правда“, бијарќи казни кои воедно ќе им одржат и лекција на обвинетите.

Наскоро тој стана омилен меѓу љубителите на животни и покажа дека луѓето не можат така лесно да се извлечат доколку малтретираат невини суштества. Во една таква прилика, Циконети ја осудил 26-годишната Мишел Мареј да помине една ноќ во шумата без вода, храна и забава откако во текот на зимата напуштила 35 мачиња во шума.

Парк-чуварите ги нашле мачињата напуштени во два парка во Ментор, Охајо, во 2005 година. Многу од животните имале инфекции на респираторните патишта кога биле пронајдени, а девет подоцна починале.

Судијата ја осуди Мареј на 19 септември истата година, откако и даде избор помеѓу поминати 90 дена во затвор за напуштање на домашно животно или намалена казна што вклучуваше да помине една ноќ сама во шумата. Згора на тоа, 26-годишната исто така била осуден на 14 дена затвор, 15 дена домашен притвор, донација од 3.200 американски долари за хуманитарно друштво и донација од 500 американски долари на чуварите на паркот кои ги нашле мачињата.

„Како би сакале да ве фрлат во метро парк доцна во ноќта, да ја поминете ноќта слушајќи којоти… слушајќи ракуни околу вас во темната ноќ и да седите таму на студ не знаејќи каде да одите да го добиете вашиот следен оброк, не знаејќи кога ќе бидете спасени?“, ја прашал судијата Мареј на судењето.

Исто така, судијата осуди жена која го подложила своето куче на валкани услови за живот да го помине денот во депонија. „Ако повратиш, ќе повратиш.“, ѝ рекол тој на судењето во 2015 година.

Алиса Мороу се изјаснила за виновна за суровост кон животните и занемарување откако излегло на виделина дека го оставила своето куче Мус, заглавено во нејзиниот валкан и преполн дом цела недела сам.

„И за да го сторам тоа, сакам да се спуштиш до депонијата во округот, до депонијата и сакам да го најдат најсмрдливото најгрозно место што може да го најдат на таа депонија. И сакам утре да седите осум часа таму, да размислите што му направивте на тоа куче.“, ѝ рекол судијата на Алиса.

Не биле само злоставувачите на животни, мета на Циконети, кој ги изрекувал своите креативни казни и во некои други случаи како со казнувањето на луѓето кои извршиле сообраќајни прекршоци, обвинетите за кражба и други кои се изјасниле за виновни за напад, меѓу многу други.

Се надеваме дека овие луѓе многу брзо ќе ги научат своите лекции откако ќе бидат ставени во слична положба.