Овој татко секогаш ѝ испраќа вакви фотографии на сопругата кога ќе праша: „Како е бебето?“

Нема ниту две години како Кени Деус од Антверпен, Белгија, стана татко, сепак, човекот веќе ја совлада уметноста на „татковски шеги“. Кени и мајката на неговата ќерка отсекогаш имале малку хумористичен пристап и кон нивната врска и кон родителството.

Откако се родила нивната ќерка и Кени ја чувал сам сопругата секогаш му пишувала пораки од типот: „Дали бебето е во ред?“. Откако ваквите прашања почнале да се повторуваат Кенди одлучил да смисли покреативен начин на враќање. Со помош на неговиот фотоапарат и Фотошоп, Кени започнал да одговара со помош на фотографии.