Овој уметник прави „Проѕирни тетоважи“ кои ќе ве остават без зборови

Васиф Даниел Кахраман, некогаш графички дизајнер и уметнички директор, денес работи како уметник за тетоважи во Истанбул. Неговото уметничко патување започнало како прецртување цртани ликови, но подоцна напредувал во создавање на свои оригинални приказни и ликови.

Васиф верува дека може да ја раскаже својата приказна со својата уметност. Сиромаштијата и насилството што тој го претрпел како дете се трансформираат во тетоважи што тој самиот ги нарекува „Пелуцид“. Пелуцид како збор значи „можност да се види со јасност“ или „проѕирно јасно“. Тој ги опишува своите дизајни како комбинација од „каде сакам да бидам и каде всушност сум“.

Погледнете едни од неговите најдобри тетоважи и верувајте и вие ќе посакате тетоважа!