Овој жив новогодишен украс е уште една причина да не се преселите во Австралија

Семејството ја украсувало својата елка во нивниот дом во Гулфвју Хајтс во северните предградија на Аделаида, Австралија, кога ја здогледале змијата меѓу украсите на дрвото.

Се претпоставува дека змијата се сокрила во кутијата каде што го чувале дрвото.

 

Подоцна бил повикан чуварот на змии Џарад Веј, но тој имал тешка битка со отстранување на суштеството од дрвото.

Веј рече:

„Беше доста тешко да се отплете од светилките и украсите. Сезоната е таква затоа што времето брзо се менува, час е топло, час ладно менуваат, тие излегуваат во потоплите денови, а потоа се кријат“.

Семејствата во Австралија се предупредуваат да внимаваат на змиите додека ги украсуваат елките во овој празничен период, а ако забележат змија, се препорачува да повикаат стручно лице за да ја отстрани.

Ако некогаш ви треба уште една причина за да не се преселите во Австралија, покрај пајаците и ајкулите, тогаш овој смртоносен виновник е дефинитивно на врот на листата.