„Оженет маж флертуваше со мене, па поради солидарност кон неговата сопруга му го уништив животот“
Бракот е кревет од рози само ако е прикажан на филм или опишан во романтична книга. Всушност, тоа е незгодна унија, која може да биде полна со искушенија и неволји. Едно од таквите е искушението да се биде со некој друг наместо со брачниот другар, а не многу бракови остануваат силни дури и по навестување на неверство во семејството.
Па така Кетлин не можела да го поднесе фактот дека еден оженет маж се обидува да флертува со неа и реши да му одржи лекција која донесе тешки последици за неговиот семеен живот.
„Се одлучив да создадам профил на апликација за запознавање и никогаш не можев да замислам дека искрената желба да запознаам некој посебен ќе се претвори во една огромна драма. Мојата најдобра пријателка го запозна својот сегашен сопруг на таква апликација и тие изградија семејство заедно. Па и јас направив профил со надеж дека можеби ќе ја најдам љубовта на мојот живот. Многу мажи почнаа да ми пишуваат, но навистина никој не ме интересираше.
Потоа еден ден добив порака од маж чиј профил ми го привлече вниманието и почнав да комуницирам со него. Тој се викаше Роберт и беше многу сладок уште од самиот почеток. Тој ми велеше дека многу сум убава и би била таман за да ме наслика. Но, потоа сподели дека всушност е оженет и дека има 1-годишно дете. Но, тој рече дека е несреќен во бракот и дека бара некој како мене со кој ќе изгради среќна заедница.
Штом го дознав тоа добив силен нагон да ја прекинам комуникацијата. Но, Роберт стана многу упорен, почна да ми праќа пораки како јас сум жената на неговиот живот, а неговата сопруга само една грешка.
Целата личност на овој човек одеднаш ми стана одвратна. Единствената позитивна работа кај него беше што сè уште ја сакаше својата ќеркичка и постојано ми кажуваше колку добар татко е. Но, во исто време, тој секогаш се обидуваше да спомене колку страдал во бракот и колку неговата сопруга станала злобна по породувањето. Едноставно не можев повеќе да го издржам ова. Одеднаш ми стана жал за неговата сопруга која сигурно се опоравувала од породувањето, психички и физички, а нејзиниот сопруг буквално ја изневерува на навидум безопасен начин.
Па така решив дека е доста и дека не може тоа така да му помине. Го дознав неговото презиме, го најдов неговиот профил на социјалните мрежи, потоа профилот на сопругата и ѝ испратив барање за пријателство. Кога неговата сопруга ми пиша зошто ја додавам за пријателка и дали се знаеме, јас ѝ ја кажав целата своја приказна со Роберт, испраќајќи и ги сликите од екранот од неговиот профил за запознавање и нивните пораки.
После сето ова сопругата на Роберт се разведе од него. Таа самата ми пиша после некое време. И исто така ми кажа дека тој ја молел да не го остава, велејќи дека неговото состанување било само игра за него. Сега се чувствувам многу лошо поради тоа, не знам дали донесов правилна одлука што ѝ кажав на сопругата“.
Па што мислите вие? Дали е во ред што ѝ кажала или требала едноставно да не се меша во животот на семејството и само да ја прекине комуникацијата?
Коментирај анонимно