Озонската обвивка на Земјата се обновува, но се решава и уште еден клучен проблем, според научниците

Озонската обвивка на Земјата се обновува, велат научниците. Ова е прилично позитивна вест кога станува збор за нашата планета.

Протоколот во Монтреал беше договорен уште во 1987 година, со намера да го заштити озонскиот слој и да помогне да се санира. Студијата објавена оваа недела потврди дека протоколот функционира.

За оние од вас кои не се сигурни што е озонска обвивка, тоа е регионот на Земјината стратосфера што апсорбира најголем дел од сончевито ултравиолетово зрачење и затоа спречува зрачењето да ја погоди површината на Земјата. Целите на договорот беа дизајнирани да го заштитат озонскиот слој со постепено исфрлање од производство на бројни супстанции одговорни за осиромашување на озонот.

„Супстанциите“ кои биле штетни за озонскиот слој, честопати се наоѓале во комерцијални и домашни ладилници, индустриски растворувачи, погони на аеросолни спрејови и средства кои исфрлаат пена, како што се апарати за гасење пожар.

Во суштина – само затоа што озонот успешно се санира, не значи дека треба да престанеме активно да се обидуваме да ги намалиме стапките на јаглерод. Друга работа што се чини дека е добра за Земјта е тоа што се намалува нашиот отпечаток на јаглеродсо тоа што луѓето ширум светот да одат во изолација заради пандемијата на коронавирус.

Благодарение на тоа што помалку луѓе излегуваат надвор, се вели дека нивото на азотен диоксид, кој главно доаѓа од издувни гасови на возилата, како и нивото на честички што доаѓаат од патниот транспорт и согорувачкото гориво, се вели дека значително се намалуваат низ цел Лондон. Забележително е намалување и во Милано, Рим и Париз.