Па подобро да го убиеше… Девојка му случајно му го фрлила хардискот на кој имало Биткоини во вредност од 689 милиони евра

Токму тоа му се случило на Џејмс Хауелс (39) од Њупорт, кога неговата тогашна девојка, Халфина Еди-Еванс, го фрлила харддискот што го содржел клучот за неговото богатство во Биткоини на депонија.
Хауелс објаснува дека уште во 2009 година копал криптовалути на својот компјутер, но подоцна целосно заборавил на нив. Сега, тие 8.000 Биткоини вредат 689 милиони еврa, но клучот за нив се наоѓа на харддискот што бил фрлен пред речиси десет години.
Случајот ја претвори депонијата во Њупорт во една од најскапите „потраги по богатство“ на светот.

Во интервју за „MailOnline“, Халфина изјавила дека само го направила она што ѝ било побарано.
„Да, го фрлив неговото ѓубре, тој ми го побара тоа. Хардискот беше во црна кеса заедно со други непотребни работи. Тој ми рече: ‘Има една кеса со ѓубре за носење на депонија’, и ме молеше да ја однесам.“ изјави таа.
Таа додала дека би сакала Џејмс да го најде хардискот, само за да престане да го спомнува овој случај.
„Ништо повеќе не би сакала од тоа да го најде. Веќе не можам да слушам за ова. Губењето не беше моја вина.

Од друга страна, Хауелс тврди дека Еди-Еванс го фрлила хардискот без негова „дозвола или согласност“ и дека не требало да заврши на депонија.
„Сè уште ги поседувам интелектуалните дигитални податоци на хардискот. Или ќе ги повратам на свој трошок, или, ако сопственикот на земјиштето одбие, треба да ми ја исплати вредноста на мојата сопственост.“ изјавил тој.
Хауелс додал дека, доколку успее да го пронајде Биткоинот, ќе донира „10% од богатството на градот“.
„Станува збор за неверојатна сума што би можела да донесе голема корист за регионот,“ истакна тој.

Коментирај анонимно