Пацифички огнен круг: Регион каде се случуваат дури 90 проценти од земјотресите на Земјата

Она што на прв поглед на картата на светот изгледа како серија убави места за одмор на плажите на Тихиот океан, носи застрашувачко име: Пацифички огнен круг или Пацифички огнен прстен. Тоа е регион кој формира круг околу Тихиот океан и се состои од бројни вулкани.

Рамката на Пацификот е всушност ланец долг 40 000 километри, каде што многу често се случуваат ерупции, земјотреси и цунами.

Огромниот број вулкани лоцирани во пацифичкиот огнен круг сочинуваат дури две третини од активните вулкани во светот. Најголемите, па дури и најтрагичните вулкански ерупции се случуваат токму тука, а 90 проценти од земјотресите на Земјата се случуваат во овој регион.

На пример, ерупцијата на вулканот Мејон на Филипините во 2018 година траеше скоро еден месец, а ерупцијата на Вулкан де Фуего во Гватемала уби над сто луѓе. Во одредени делови на Калифорнија, шансите за силни земјотреси во следните 30 години се искачуваат до 75%. Се сеќаваме и на страшниот земјотрес во Јапонија во 2011 година, придружуван од цунами.

 

За да се намалат потенцијалните штети, овие региони имаат посебна архитектура и механизми за да го предупредат населението за потенцијални потреси. Иако ова не може да го запре земјотресот, може значително да го намали бројот на жртви. Јапонија, на пример, има неверојатен систем за спречување штети, но за жал, ова не може да се каже за многу други земји, особено оние во Југоисточна Азија и Латинска Америка.

Факт е дека поради движењето на тектонските плочи на Земјата се очекуваат природни катастрофи и во иднина. Но она што за нас е катастрофа е нешто сосема нормално во природата.