Девојка на тапан во Делчево додека мажите „го везат“ добро познатото оро Копачка
Копачката — македонско машко соборско оро, кое потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на полустапалата. Тоа обилува со потскоци, доскоци, странични движења, ножици и поткопнување со нозете …





























