Паметната улична мачка точно знае што сака и како да го добие тоа, а жената попушти пред нејзиниот шарм

Мачките се интелигентни суштества – особено уличните мачки, кои треба да ја искористат својата интелигенција во потполност за да преживеат на улиците. Животот на овие мачки е тежок бидејќи постојано треба да бараат храна и да се борат за нивните животи. Оваа бела бездомна мачка од Мексико имала груб почеток во живот како улична мачка. Меѓутоа, благодарение на умното главче и гладното меше си најде дом.

33-годишната учителка Тања Лизбет Сантос Кој Това ја забележала мачката пред локален супермаркет во Пиедра Неграс, Мексико. Мачката почнала да ја „води“ Тања во супермаркетот и ја однела до вистинското место. Секако до полиците со храна за животни, а за да биде уште поинтересно мачката си ја одбрала и омилената храна, а Тања не можела да ѝ одолее и ѝ ја купила.

Тања била воодушевена од белото маченце и решила да го посвои. Му го дала името Конејо, што значи „зајак“, затоа што тој нема опашка. Сега зајакот е безбеден и здрав, доби медицинска нега, па дури има и омилена играчка, Рене. Тој веќе не треба да талка по улиците за храна и е многу среќен мачор.