„Паметниов“ јутјубер мораше да отиде до Антарктикот за да се убеди дека Земјата не е рамна плоча: „Факт е, сега верувам!“
Пред повеќе од 2.000 години, античките Грци откриле дека Земјата е сферична. Сепак, и денес постојат луѓе кои веруваат дека живееме на рамна плоча, наречена „Рамна Земја“. Еден од најпознатите „Рамноземци“, Џеран Кампанела, неодамна се соочил со вистината.

Кампанела, водител на популарниот „YouTube“ канал „Jeransim“, патувал до Антарктикот како дел од проектот „Последниот експеримент“. Таму, сведочел на феноменот на 24-часовното сонце за време на летото на јужната хемисфера, што ја негира теоријата дека Антарктик е ледена ѕидина каде сонцето секојдневно изгрева и заоѓа. Во видеото, тој признава дека грешел и вели: „Факт е – сонцето кружи на југ“.

Иако Кампанела го признава овој феномен, тој сè уште не изјавува дека Земјата е сферична. Патувањето, организирано од пасторот Вил Дафи, имаше за цел да ја заврши дебатата за обликот на Земјата. Дафи снимил 25-часовен видео пренос со „Starlink“, прикажувајќи го „полноќното сонце“. Кампанела, кој исто така се појави во документарецот „Behind the Curve“ (2018), повторно ја побива сопствената теорија.

Сепак, не сите „Рамноземци“ се убедени. Еден од учесниците, Остин Витсит, призна дека има 24-часовно сонце, но тврди дека тоа не докажува дека Земјата е топка. Некои „YouTube“ корисници дури сугерираат дека снимките биле направени пред зелена позадина.
Научниците одамна знаат дека Земјата е сферична. Разликите во времето на заоѓање на сонцето на различни локации, како и должината на сенките, го потврдуваат ова. Грчкиот филозоф Питагора прв предложил дека Земјата е округла околу 500 година п.н.е., а Аристотел го потврдил тоа околу 350 година п.н.е., врз основа на набљудувања на соѕвездијата во различни географски широчини.

Антички Грци не постојат
ne be
Woh I like your articles, bookmarked! .
Коментирај анонимно