Паничната реакција на таксистот (виц)

Патник во такси го потчукнува таксистот по рамото за да го праша нешто. Таксистот наеднаш испаничува, скокнува од местото, губи контрола над автомобилот, за влакно промашува автобус, лета преку тротоарот и удираат во дрво.
Настанува тишина неколку секунди и потоа кога гледаат дека двајцата се живи и здрави, таксистот вели гласно:
– Никогаш друг пат да не си ми направил ваква работа!
Патникот зачудено:
– Јас само сакав да те прашам нешто, а ти зошто толку панично изреагира?
Таксистот:
– Ова ми е прв ден на работа како таксист. Претходните 25 години работев како возач во погребално претпријатие.