Пар доби тужба од 6 цифри, само затоа што не им се допаднала услугата

Секој има право да каже доколку нешто не им се допаѓа, но очигледно не можат сите да се помират со ова, барем не оваа компанија.

Пар од Вашингтон вели дека се тужени за 112.000 американски долари откако дадоа рецензија со една везда на компанија за покриви.

Семејната компанија Executive Roof Services (ERS) е испратена во домот на Есен Кнепер и Адам Марш по упатство на сопственикот на куќата откако парот пријавил дека има протекување. Во рецензијата на интернет парот оставил една ѕвезда со образложение дека рецепционерот на компанијата бил дрзок и дека од ERS не успеале целосно да ги завршат услугите кои биле побарани од нив. Тие исто така поднеле жалба до Бирото за подобар бизнис.

Кнепер вели: ‘[Рецепционерот на ЕРС] одби да ми даде каква било информација. Таа рече дека ќе мора да го контактирам сопственикот. Побарав да разговарам со менаџерот и таа ми се смееше. Ми рече дека вербално ја малтретирам и дека таа е директорка на канцеларијата. Таа ми спушти слушалка.“

Марш сподели слични чувства додека ја опишуваше рецепционерката како „супер дрска“, додавајќи: „[Таа] ми рече дека е директорка на канцеларијата и нема никој друг со кој би можела да разговарам и ми спушти слушалка“.

Двојката тврдеше дека ниту еден од нив не добил информација за тоа кога компанијата ќе ги заврши наводно закажаните поправки на кровот, а откако ја оставиле рецензијата им се јавил сопственикот за да им каже да ја тргна за да не дојде до „поголема штета“.

Тие повикале и полиција и им раскажале и за заканите, но од ЕРС одлучиле да поднесат тужба во износ од 112.000 американски долари. Тужбата го обвинува парот за клевета и мешање во деловни работи.