Пар ги освои социјалните мрежи со своите фотографии од неверојатни патувања

Џек Морис од Велика Британија и Лорен Булен од Австралија се запознале во Фиџи додека работеле на проект во 2016 година и заклучиле дека и двајцата обожаваат да патуваат. Младите објавуваат фотографии од патувања на Инстаграм, што привлече повеќе од 4,6 милиони следбеници. Сите фотографии на Џек ги прави Лорен и сите фотографии на Лорен ги прави Џек, а кога се заедно на фотографија користат статив и тајмер. Секако тие заработуваат многу пари од своите фотографии, но моментално патувањата им се прекинати поради пандемијата.