Пар му помогна на бездомник по 20 години повторно да се обедини со своето семејство

Како што многумина можат да потврдат, правењето добро за другите е неверојатно чувство. Ренди Еманс-Бајлин и нејзиното момче Џон Суазо не се странци кон ова чувство. Двојката има неколку проекти кои им помагаат на оние кои се ранливи. Еден од нив е проектот Ранци, каде што, меѓу другото, даваат и ранци опремени со храна, вода и чорапи. Пред само неколку дена, тие успеаја да направат нешто доста извонредно.

Додека Ренди одела по улицата слушнала непознат човек како вели: „Зошто луѓето само стојат и ме гледаат или се смеат? Јас сум исклучително едуциран човек. Поздравете ме.“ Таа била трогната од неговите зборови и застанала да го запознае Педро. Таа го повикала нејзиното момче и тие му дале ранец на Педро од нивната хуманитарна организација.

Кога го прашале човекот што би сакал и која е неговата најголема желба, тој им кажал дека сака повторно да се види со семејството кое не го видел околу 20 години.

„Тој ни ја раскажа својата приказна и колку е уморен. Како тој всушност не спиел 8 години затоа што земјата е тврда и како никогаш не се чувствувал пријатно да заспие во случај некој да ги однесе единствените работи. Го прашавме во тој момент што навистина сака и тој рече дека тој само сака да се поврзе со семејството. Го прашавме за какви било детали. Најмногу помогна што уште ја знаеше адресата на неговата баба.“, вели Ренди.

Откако пребарувале по интернет свртеле многу броеви конечно го контактирале неговиот вујко Пијер. Неговиот вујко плачел од радост и им кажал дека ќе дојде со првиот лет за да го однесе својот внук дома. Освен со вујкото успеале да контактираат и со неговата братучетка и повеќе тетки.

Парот почнал да собира пари за Педро. За 72 часа, тие собраа околу 6500 американски долари, кои ги покрива хотелските трошоци на Педро, храна, облека, телефон и други основни работи. Останатите пари му беа дадени на семејството за да можат да му помогнат на Педро да се врати на вистинскиот пат.

Сите заедно биле на семејна вечера и сега Педро е повторно со своето семејство. Ренди и Џон редовно се слушаат со него и велат дека сакаат да ја пратат неговата приказна.