Пар од Англија добил пратка од Амазон во која дефинитивно имало многу повеќе од тоа што го порачале

На почетокот на овој месец, парот Марк и Џема Смит, од Шанклин порачале сет од три светлечки Божиќни кутии за 40 евра од Амазон. Наскоро пратката пристигнала на нивната адреса.

Џема ја примила пратката и возбудена од новите украси одлучила веднаш да ја отвори. Но, 38-годишната мајка на две деца вреснала откако го отворила пакетот. Жената која вусшност е арахнофоб (има фобија од пајаци), пронашла огромен осумножен пријател внатре.

Големиот пајак-ловец бил во кутијата, а Џема веднаш ја фрлила во паника, плашејќи се дека има уште внатре. Таа веднаш во паника му се јавила на сопругот Марк.

За среќа на Гема – и за жал на пајакот – пајакот веќе бил мртов во кутијата. „Не знам од каде доаѓа пакетот, но дефинитивно бил жив кога влегол таму.“, вели Марк.

Пајаците-ловци потекнуваат од Австралија и делови од Азија и се вториот по големина вид пајак во светот. Тие се големи, брзи и добри во скокање, го ловат својот плен и го имобилизираат со отровен залак – за среќа, тие не се особено штетни за луѓето.

Сепак тие не се смртоносни и нивното гризнувње нема некои сериозни симптоми освен некои локализирани отоци, а можеби и гадење и главоболки.