Пар од Британија се откажа од своите работни места и вложи 12.000 евра во комбе, за да патуваат низ светот

Британска двојка која се откажа од своите работни места и потроши 12.000 евра за реновирање на комбе, сега достигна 19.000 километри патувајќи низ Европа и сега ги имаат САД на ум. Шон Трот, кој работел како обезбедување во банка и менаџерка на процесот на производство Рах Вуд, од Бирмингем се запознале во мај 2015 година.

Две години подоцна романтиката помеѓу нив цветала, но нивните работни места не им дозволувале да поминуваат доволно време заедно. Парот копнеел по нешто повеќе од седење секоја ноќ на каучот, исцрпени од работата. Во март 2018 парот тргнал со автомобил на свадба во Шкотска и тогаш сфатиле дека сакаат да живеат во комбе и да видат што има светот да понуди.

Така, 15 месеци подоцна, тие купиле минибус Спринтер за 4.700 евра и поминале шест месеци преобразувајќи го во функционален дом на тркала. Комбето, кое го именуваа Хигинс, ги има сите најважни работи, вклучувајќи висок плафон за стоење, просторија за спиење и дневна соба и фрижидер за пиво. Сето ова го чинело парот околу 12.000 евра.

Парот патувал низ Франција, Португалија, Шпанија, Белгија, Холандија, Германија и Данска. Исто така неодамна ги посетиле и Норвешка, Шведска, Естонија, Латвија, Полска и Хрватска, каде што се наоѓаат во моментов. Еве како изгледа нивниот авантуристички живот.