Пар од Индија купува земјиште околу резерват за тигри, поради една прилично несебична причина

Фотографот Адита Синг ја напуштил својата работа во државните служби пред две децении и се пресели во градот Саваи Мадхопур во Раџастан со неговата сопруга Пунам Синг, да бидат поблизу до природата.

Низ годините тие купиле 14 хектари земјиште во близина на резерватот за тигри Рантамборе само за да ја остават природата да си го земе своето.

Тие сакале шумата повторно да порасне и да не постои опасност да биде уништена. Земјата, која некогаш била неплодна и со ограничена вегетација, сега е „бујна зелена“ шума која ја посетуваат диви животни – вклучително и тигри – во текот на целата година.

Областа се нарекува Бадлав, а Адита вели дека успеал да го купи земјиштето бидејќи имало премногу предатори и грабливци и на земјоделците им било полесно да го продадат земјиштето.

„Само ја купив и не направив ништо со неа освен што извршивме отстранување на инвазивни видови. Ние дозволивме земјата да се опорави и сега после 20 години стана една бујна зелена шума која често ја посетуваат сите видови на животни, вклучувајќи тигри, леопарди и диви свињи.“, вели Адита.

Двојката, исто така, создаде неколку дупки со вода во рамките на земјиштето за да можат дивите животни да добијат вода, дури и за време на долгите врели лета. На нив многупати им доаѓале луѓе кои сакале да ја купат земјата, но Адита и Пунам секогаш ги одбивале заради нивната љубов кон природата и дивиот свет, при што двојката велела: „Парите никогаш не ги земаме во предвид. Само нашата љубов кон природата и животинскиот свет.“