Пар од Лондон бил принуден да си го украде својот автомобил назад од крадците, откако полицијата одбила да реагира
Пар од западен Лондон останал шокиран откако бил принуден сам да го „украде назад“ својот Jaguar E-Pace, откако полицијата не реагирала навреме. Миа Форбс Пири и нејзиниот партнер Марк Симпсон откриле дека автомобилот вреден околу 60,000 долари исчезнал пред нивниот дом во Брук Грин. Благодарение на вграден AirTag, го лоцирале возилото во Чизик, но по повикот до итните служби, им било кажано дека не може да се гарантира брза интервенција.
Иако автомобилот бил заштитен со „ghost“ имобилајзер, кој спречува стартување без точна комбинација на контроли, крадците очигледно успеале да го однесат користејќи шлеп возило. Форбс Пири (48), медијатор и поранешен адвокат, и Симпсон (62), комерцијален правник, сами го пронашле автомобилот со оштетена внатрешност.
Што е улогата на полицијата?
Тие на LinkedIn признаа дека било „малку забавно“ да си го вратат автомобилот, но поставија сериозни прашања за односот на полицијата. Форбс Пири додаде дека разбира оти полицијата е недоволно опремена, но дека без последици за крадците, нема вистинска одвратувачка моќ.
Проблемот не е изолиран. Полицијата во 2024 регистрирала 33.530 случаи на кражба на возила во Лондон – пораст од 1,6%. Меѓутоа, успешноста во решавање на тие случаи останува под 1%, со само 326 позитивни исходи (обвиненија или опомени).
Други случаи ја потврдуваат слабата реакција на органите. Џорџ Николас, чиј Maserati вреден над 93,000 фунти бил украден во мај, сам морал да го врати откако полицијата му кажала дека „немаат достапен тим“. Во април, Евaн Валентајн од Солихал открил дека автомобилот што го купил како замена за својот украден Honda Civic Type R всушност бил неговиот стар автомобил, само со нови таблици и послаба километража.
Овие инциденти ја отсликуваат кризата во справувањето со организираната кражба на возила и го наметнуваат прашањето – ако граѓаните мораат сами да ја преземат правдата, каде е улогата на полицијата?
Коментирај анонимно