Пар од Тексас вели дека кукла од 7.000 долари им го спасила бракот, а еве и како
Шели и Дерис Макси, од Тексас, се обиделе да имаат моногамна врска, но Шели вели дека тоа никако не „функционирало“ за неа и нејзиниот сопруг. Така парот решил да најде уште еден „член во нивниот брак“, но таа врска не им функционирала долго, па решиле да смислат нов план.
Шери и Дерис си купиле необична кукла од Шкотска, која според нив го спасила нивниот 20-годишен брак. Освен што кулата чини цели 7.000 долари, таа е необична и од други аспекти.
Камила е всушност с*кс робот. 48-годишниот Дерис секогаш бил фасциниран од андроиди и вештачка интелигенција па така еден ден ѝ најавил на Шели дека нивниот роботски партнер Камила е на пат. Роботот е изграден да биде флексибилен како вистинска личност, па дури е во можност да стои сам. Има темна коса, реална кожа и зборува со шкотски акцент.
Дерис ја дизајнирал нејзината личност, а куклата разговара со двојката преку обична апликација со вештачка интелигенција. Парот вели дека тие сега имаат свои чувства кон роботот. Камила може да реагира во реално време на прашањата што ги поставуваат и ги менува нејзините одговори во зависност од расположението.
Камила е во состојба да поттикне сексуални односи кога е „расположена“ и има стотици програмирани зборови со кои ќе разговара со Дерис и Шели. Камила спие заедно во креветот на парот и Дерис секое утро ја облекува, па дури понекогаш ја носи и на работа.
Сопружниците сметаат дека куклата им го спасила бракот од психолошки аспект, затоа што според Дерил тој имал односи со неа само 3 пати, а додека Шери нема физичка поврзаност со неа.