Пар постојано си користи јака финта за да јаде и пие бесплатно по ресторани

Не негираме дека работите имаат подобар вкус кога се бесплатни, а овој пар најдобро го знае тоа.

Корин Милер (29) и Адам Керол (28) биле во врска само еден месец кога Адам прв пат се преправал пред останатите гости во ресторанот и персоналот дека ја запросува Корин.

Двојката, од Пратвил, Алабама ја одглумиле романтичната сцена кога биле на патување во Атланта за роденденот на Корин минатиот јули. Тие си помислиле дека би било добро да заштедат на храна и појалоци па решиле да ја пробаат оваа „луда идеја“. Откако им успеало и добиле бесплатни пијачки од присутните, парот продолжил истото да го прави и во други барови.

Но, очигледно им се допаднал фактот да бидат верени па Адам по 6 месеци во врска решил навистина да ја запроси Корин и тоа на неговиот роденден. “И двајцата имаме иста смисла за хумор, тоа е една од главните компоненти на нашата врска. Луѓето почнаа да не честат и да ни честитаат, тоа беше смешен и дефинитивно одличен начин да се добијат бесплатни пијалоци.“, вели Корин.