Пар си посвоил Пит Бул од засолнише, но не можеле ниту да замислат како ќе се однесува „страшното куче“

Кучињата се социјални суштества и сакаат да се дружат и да бидат дел од семејството. Тие исто така брзо се прилагодуваат во околината во која што живеат. Мако е Пит Бул кој е многу „добро момче“ и е вистински пример за тоа колку можат да изненадат кучињата. Неговите сопственици го посвоиле од засолниште кога имал 2 години и биле прилично несигурни за тоа како ова навидум „опасно куче“ ќе се снајде со нивните мачки. На почетокот не ги пуштале во иста просторија, но на крајот се одлучиле да ги запознаат.

Уште при првото запознавање тие биле шокирани. Мако не само што се однесувал како цел живот да живее со мачки туку веднаш природно почнал и да се однесува како нив. Неговите сопственици велат дека дури и мачките биле збунети од ова суштетсво кое изгледа како куче, но се однесува како мачка. Мако веднаш станал најдобар пријател со мачките и почнал да ги следи каде и да одат. Сопственичката Саманта вели дека тие не знаат каде претходно бил Мако и зошто така се однесува, но им е мило што е совршениот миленик за нивното семејство.