Пар смислил начин како да ја измамат досадната мачка која постојано сака да седи во скут

Мачките едноставно сакаат да седат во скутовите на нивните сопственици, но оваа мачка била прилично досадна кога станува збор за ова прашање.

Мачката Зиги била посвоена од Ребека Меј и нејзиниот сопруг Алекс од Лондон. И покрај тоа што на почетокот била многу срамежлива по некое време не можеле да ја тргнат од нивните скутови.

Откако и двајцата почнале да работат од дома постојаната желба за внимание на Зиги им правела проблеми. Таа се качувала на бирото на Ребека додека таа работела или седнувала во скутот и барала да биде мазена. Со надеж дека ќе ги задоволат потребите на Зиги тие и купувале посебни креветчиња, но тоа воопшто не помогнало.

Така да Алекс му текнала креативна идеја. Да ѝ направи лажен скут на Зики во кој таа ќе може да си седи без да ги вознемирува и да им пречи во работата. Алекс земал панталони и ги наполнил за да изгледаат ккао нозе, а потоа додал и чевли и перница.

Иако не очекувале дека трикот ќе им функционира туку го направиле од забава, Зиги била воодушевена. Таа седнаш си седнала во новиот скут и не сака да се одвои од него.