Пар во нивните 30-ти живеат на брод цела една година, крстарејќи насекаде низ светот – еве колку малку пари ги чини ова задоволство!
Двaјца учители од Тенеси, парот, Моника Брзоска (32) и Џорел Конли (36), го оставиле традиционалниот живот зад себе за да живеат на бродови коишто крстарат насекаде и сето тоа за првите осум месеци да ги чини помалку од 10.000 долари. Нивната инспирација дошла од страста за патувања, започната со крстарење во 2016 година, и советот на мајката на Моника: „Не чекај ја пензијата, следи ги своите соништа“.
Пресметале дека со резервирање на најевтините кабини и користење на попустите од „Carnival Cruises“, би можеле да уживаат во патувањата со минимални трошоци. Нивниот дом во Мемфис го издаваат за 1200–1900 долари месечно, што им обезбедува стабилен приход. Со оваа стратегија, завршиле 36 последователни крстарења за една година, посетувајќи дестинации како Јапонија, Грција и Исланд.
Животот на крстосувачки брод нуди олеснувања: нема готвење, перење, возење, и има бескрајни опции за забава. Овој начин на живот не само што е без стрес туку позитивно влијае на нивниот брак, со редовни состаноци и моменти што траат.
Иако овој начин на живот е редок, нивната приказна потсетува дека не треба да се чека пензија за да се живеат соништата.
Плус…бесплатен КОВИД, гарантирано. Ове крстарења се извор на илјадници зарази, а Ковидот е „најпопуларен“ во моментов.
Коментирај анонимно