Пар запленил возило оставено на нивниот имот и бара откуп од сопственикот, полицијата вели дека е тоа е сосема легално
Пар „заплени“ автомобил кој по грешка бил паркиран на нивната патека и бара од сопственикот да плати 100 фунти (118 евра) за да си го земе автомобилот, но полицијата вели дека ова е сосема легално.
Бери Њутн и неговата девојка Зои Хаместон биле збунети кога го нашле синото Пежо паркирано во нивниот дом во Халтвистл, Нортамберленд, Англија без нивна дозвола.
Двојката се огласила на Фејсбук за да се обиде да го пронајде странецот, инсистирајќи сопственикот да го премести автомобилот. Но, наскоро ги зезеле работите во свои раце со тоа што го блокирале Пежото со своите возила и барале 100 фунти за да се тргнат.
Но, кога полицијата била повикана на местото на настанот, утврдила дека „ниту еден од страните не извршил злосторство“.
Се верува дека сопственикот на автомобилот, очигледно жртва на измама со апликација за паркирање, бил принуден да плати готовина од 100 фунти за да може да замине со своето возило.
Сопственикот на автомобилот користел апликација за паркирање наречена JustPark каде што патеката била наведена како паркинг простор за изнајмување без знаење на сопственикот на домот, а сопственикот на Пежото паркирал таму верувајќи дека има легитимна резервација за местото.
Од JustPark потврдија дека човекот што паркирла ја користел нивната апликација, но бил жртва на „потенцијално измамничка листа“ и му се извинија што морал да плати 100 фунти.
Сепак, од JustPark ја осудија одлуката на двојката да го земе законот во свои раце и да го заплени автомобилот и велат дека „реагирале несоодветно“.