Параглајдерист се заглави на 9000 метри надморска височина каде што речиси замрзна (видео)
Во Кина, искусниот параглајдерист Лиу Ге за малку не го загуби животот кога силна воздушна струја го повлече во грмотевичен облак и го искачи на речиси 9.000 метри. На таа надморска височина, Лиу се соочи со температури од -40°C и недостиг на кислород, при што телото му се замрзнало, а дишењето станало сè потешко.
И покрај условите што ја загрозуваа неговата свест и живот, Лиу успеал да одржи радио контакт и на крајот да се спушти жив. Инцидентот стана вирален на социјалните мрежи, но неговото спасување е засенето од фактот што летал без претходна дозвола, поради што е започната истрага.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно