Парализирана пензионерка е спасена по 3 дена откако нејзиниот син ја закопал жива

Полицијата во северо-западната кинеска провинција Шанкси го упасила 58-годишниот Ма Моу откако откриле дека направил ужасно дело. Моу ја фрлил својата 79-годишна парализирана мајка во напуштена јама во шумата.

58-годишникот останува во притвор и во моментов се соочува со обвинение за обид за убиство. Во полиција случајот го пријавила сопругата на Моу откако сфатила дека нејзината свекрва ја нема.

Сопругата на Моу раскажала како тој излегол од дома на 2-ри мај во 8 часот навечер заедно со неговата мајка во количка. Откако се вратил во 2 часот наутро членовите на семејството го прашале каде е старицата, а тој им одговорил дека сакала да ги види роднините во другиот град и ја однел таму. Но, по три дена семејството почнало да се распрашува на автобуската станица и сфатиле дека Моу не ја однел таму мајка му.

Неговата сопруга го пријавила во полиција и откако го нашле го привеле и тој признал дека ја оставил мајка му во јама во шумата пред три дена.

Откако им ја потврдил локацијата полицијата веднаш се упатила кон местото, но тие не се надевале многу дека жената е сѐ уште жива. Сите биле изненадени откако слушнале тивок плач од јамата. По три дена поминати во јамата Ванг Моу преживеала. Таа била пренесена во болница, каде останува во стабилна состојба. Сѐ уште не се знае каква казна го очекува нејзиниот син.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!