„Паричката беше веднаш вратена!“ – Професионална хигиеничарка пронашла стара монета од 1930-та година во дом којшто го чистела, во вредност од 40.000 долари!

Професионален хигиеничарка пронашла стара монета од 1930-тите вредна 40.000 долари додека расчистувала куќа на одредени луѓе.

20-годишната Шарлот Босанкет и нејзиниот тим од „Care Cleaning Services“ од Сиднеј правеле генералка на куќата на жената кога пронашле листови од стар весник и зарѓана стара монета.

Во клип на „TikTok“, таа вели дека откако ги истражувала информациите за монетата, открила дека вреди до 40.000 долари и морала да ги увери гледачите била вратена на сопственикот на куќата, откако ја обвиниле дека ја чува за себе.

 

 

 

„Кога го тргнавме тој стар тепих, сфатив дека има толку многу историја во оваа куќа. Оваа дама живее тука цел живот“, вели Шарлот во видеото.
Таа им покажала на гледачите како го отстрануваат тепихот за да го најдат подот покриен со страници од весници од 1930-тите.

„Најдовме толку многу весници, па дури и една монета чија вредност е до 40.000 долари“, рече таа.

Се вели дека монетата е една од најретките во Австралија бидејќи само 1.500 биле пуштени во оптек во 1930 година на почетокот на Големата депресија.
Шефот на ликовна уметност во „Lloyds Auctioneers and Valuers“, Аманда Бенсон изјави за „ABC Radio Adelaide“ дека тие не биле наменети да бидат во оптек.

„Тие беа пуштени веднаш по падот на берзите во 1929 година и она што е посебно за нив е што тие всушност никогаш не требаше да бидат употребени“, рече таа.

Таа рече дека дури кога монетите биле постепено исфрлени во шеесеттите, колекционерите сфатиле дека недостасува 1930 година, покажувајќи колку е ретка.

 

@carecleaningservicessyd

A glimpse into a hoarder’s mind 🙌🏼💌 #fyp #fypシ #cleantok #hoarderclean #spreadawareness #deepclean #history #understanding

♬ original sound – follow me,im cool 💋

На историската монета е прикажана главата на кралот Џорџ V, дедото на кралицата Елизабета Втора, а ако е во добра состојба може да се продаде за десетици илјади долари.

Една од монетите моментално се продава на веб-страница за колекционерски производи за 28.500 долари, додека човек од Вашингтон купил една во 2022 година на аукција за 60.000 долари.

Клипот на Шарлот е прегледан повеќе од 831.600 пати и привлече многу возбудливи коментари, но некои беа загрижени дека паричката не му била дадена на нејзиниот вистински сопственик.

Во следното видео, Шарлот одговара на обвинувањата велејќи дека тие „дефинитивно не ја задржале паричката“.

„Значи, се разбира, ние и ја дадовме паричката на жената веднаш и таа беше многу среќна кога направивме малку истражување за тоа“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *