Пат околу светот за 44 дена: Ова момче стана најмладиот пилот кој направи ваков подвиг

Тинејџерот-пилот стана најмладата личност која го обиколи светот соло откако слета во Холандија на 12 јули. Тревис Лудлоу, на возраст од 18 години и 149 дена, постави нов Гинисов рекорд со неговиот соло лет од 25.000 милји, што му траеше 44 дена.

Исцрпувачката експедиција откри дека тинејџер од Ибстон, Бакингемшир поминувал до осум часа на ден управувајќи со својот едномоторен авион Cessna 172 N5010, понекогаш летал и до 1.000 милји за еден ден без да застане.

Тој го победи претходниот рекордер Мејсон Ендрус од Луизијана, САД, кој имаше 18 и 163 дена кога го заврши патувањето во октомври 2018 година.

Тревис започна на своето рекордно патување од Теуге во Холандија на 29 мај – пред само 44 дена – откако коронавирусот го одложи првичниот датум на полетување во јуни 2020 година.

Неговата рута, започна и заврши во Холандија, но застана во 13 земји во светот – Холандија, Полска, Русија, САД, Канада, Гренланд, Исланд, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Мароко, Франција и Белгија.

За да го собори светскиот рекорд, трасата на Тревис мораше да помине најмалку 24.520 милји – растојанието што го мина минатиот петок, летајќи е 1.300 милји од Донегал во Ирска до Гибралтар во јужна Шпанија.