Патници беа приморани да се евакуираат по крилата на авионот кој се запали при слетување (видео)
Во сцени што личат на нешто од филм или кошмар, патници беа приморани да избегаат на крилата на авион кој се запалил завчера (13 март).
Авионот слета на аеродромот во Денвер, Колорадо, поради пренасочување, но при таксирањето на пистата, избувнал пожар.
Летот на American Airlines, кој полетал од Колорадо Спрингс кон Далас Форт Ворт, бил пренасочен кон Денвер околу 17:15 часот по локално време поради вибрации во моторот. Во авионот имало 172 патници и шест членови на екипажот, а веднаш по слетувањето се запалил.
Авиокомпанијата потврди дека сите успеале да се евакуираат безбедно, но аеродромот подоцна соопшти дека 12 лица биле пренесени во болница со полесни повреди.
Според снимки од контролата на летање (LiveATC.net), пилотот пред слетувањето пријавил проблеми со моторот, но нагласил дека не станува збор за вонредна состојба.
Контролорот го прашал: „American 1006, само да потврдиме, сè уште не е вонредна состојба, така?“
Пилотот одговорил: „Не, само имаме силни вибрации на моторот, па летаме побавно од вообичаено.“
Но, ситуацијата брзо се влошила. Неколку минути подоцна, по слетувањето, на радиото се слушнало вознемирувачко предупредување: „Mayday, Mayday, Mayday! … пожар на моторот!“
Снимки од очевидци покажуваат патници како излегуваат на крилата, некои држејќи ги своите торби, додека пламенот гори под авионот.
Американската Федерална администрација за авијација (FAA) потврди дека патниците користеле гумени лизгалки за безбедно да стигнат до земјата. Истражна постапка е покрената за утврдување на причините за инцидентот.
Портпарол на аеродромот во Денвер изјави дека пожарот бил брзо изгаснат и дека летовите продолжиле нормално.
Коментирај анонимно